Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски, се врати од настапите за репрезентацијата на Полска со болки во коленото и најверојатно не ќе може да настапи за баварците на следниот меч во првенството.
Тој и вчера работел само индивидуално на тренингот на тимот, а најверојатно фитнес процесот ќе продолжи и овој викенд.
Ариен Робен, кој имаше проблеми со коленото, за првпат најде во групата фудбалери кои вчера тренираа заедно, па потоа продолжил да работи на индивидуална програма. И за двајцата е крајно неизвесно дали ќе играат против Фортуна Дизелдорф викендов во рамките на 12. коло од Бундеслигата.