Левандовски: „Нема шанси да играм на реваншот во Париз“

0

Најдобриот играч од минатата година, Роберт Левандовски, отфрли можност да се врати во Баерн Минхен за претстојниот реванш четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ на 13 април.

Во средата, Баварците го загубија својот натпревар на домашен терен со 2:3 и мора да победат со најмалку два гола.

Запрашан во интервју за „Скај Германија“ дали може да излезе на теренот во Париз, тој одговори:
„Не, овој натпревар е прерано, но давам се од себе да се опоравам“.

Левандовски заработи повреда на коленото за време на натпреварот на полската репрезентација против Андора. Малку е веројатно дека ќе се врати пред крајот на месецот

Share.

Leave A Reply