Леванте јавно му честиташе на Барди

0

Додека чекаме Фудбалската Федерација на Македонија традиционално кон крајот на годинава да го организира изборот на најдобрите за сезоната 2016/17, раководството на Леванте веќе му честиташе за наградата на нашиот интернационалец, Енис Барди.

Младиот фудбалер годинава прикажа одлични партии во унгарскиот состав Ујпешт а беше и еден од најдобрите во нашата селекција У21 која во текот на летото  настапи на Европското првенство во Полска. Токму  таквиот развој на настаните за Барди беше доволна причина да обезбеди ангажман во екипата на Леванте која настапува во Примера Дивизион.

Шпанскиот прволигаш денеска преку официјалниот сајт и социјалните мрежи, практично обелодени кој ќе биде прогласен за играч на годината во Македонија иако ФФМ свечената церемонија на доделување на наградите ќе ја реализира допрва на 3-ти декември.

Share.

Leave A Reply