НБА лигата ги објави најдобрите во различни категории само за делот од сезоната што се игра во – „Дизни Ворлд“ во Орландо.
Кошаркарот, Демиен Лилард од Портланд го доби признанието –„МВП“ додека за најдобар тренер е избран Монти Вилијамс од Феникс Санс. Лилард имаше просек од 37,3 поени, 4,3 скока и 9,6 асистенции на осум одиграни натпревари. Веднаш зад него беше поставен Девин Букер од Феникс додека Ти-Џеј Ворен од Индијана го има третото место.
Аналогно на изборот, тројцата се вклучени во идеалната петорка заедно со Лука Дончиќ од Далас и Џејмс Харден од Хјустон.