Лина експресно до 3. коло во Киасо

0

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во 3. коло на ИТФ Фјучрсот во швајцарски Киасо, откако претпладнево во меч од втората рунда славеше убедливо над домашната тенисерка Грим со 2:0 (6-2,6-3).

Квалификантката Клара Грим очигледно немаше сили да и се спротивстави посериозно на Ѓорческа, која како четвртта фаворитка на турнирот продолжува да реди победи, откако во премиерното коло ја совлада и Романката Дину убедливо во два сета.

Денеска Лина во двојка со Александрина Најденова ќе играат во 1/4-финалето на турнирот на двојки. Противнички ќе им бидат Швајцарките Ин-Албон и Кенел.

Share.

Leave A Reply