Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, успеа да влезе во второто елиминациско коло на последниот годинашен грен слем турнир – Отвореното првенство на САД.
Таа денеска на стартот на квалификациите успеа да ја совлада фаворизирната домашна претставничка, Лорен Дејвис, со 2 спрема 1, по сетови 6-7, 7-5 и 6-3. Ѓорческа во третиот сет направи два брејка и дојде до големи 5-0, но, потоа и дозволи на Дејвис да влезе во серија и да намали на 5-3.
Сепак, во продолжението нашата тенисерка повотрно демонстрираше квалитет и обезбеди победа од 6-3 што значи и пласман во второто елиминацско коло. Таму ја очекува пресметка со Хрватката, Јан Фет, (128 на ВТА) која денеска ја совлада Женг од Кина со минимални 2 спрема 1.