Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари победа во новата фаза на Отвореното првенство на Источна Европа кое се реализира во Белград.
Таа во групата „Ф“ славеше против Тијана Сретеновиќ од Србија со 2-0 по сетови со 6-3 и 6-2. Македонската претставничка немаше многу проблеми на мечот кој траеше нешто повеќе од еден час.
До крајот на денов во групата на Ѓорческа ќе се сретнат Ивана Јоровиќ и Изабела Шиникова. Тоа се две тенисерки кои по две кола имаат максимален ефект. Двете претходно успеаа да ја победат Ѓорческа.