Селекторот на Хрватска, Лино Червар, откако неговата селекција загуби од Шпанија во финалето на Европското првенство, најави за медиумите во Хрватска дека ќе се повлече од кромилото.
„Треба да им се честита на ракометарите бидејќи одиграа одличен меч. Имавме тешка рововска битка, Шпанците се искусни со долги напади а имаа и одличен голман. Ние го немавме Циндриќ, надворешните играчи не беа расположени а одбраната на противникот беше сигурна“ – вели Червар.
„Благодарен сум за сите освоени медали. Можам гордо да гледам на мојата кариера. Сакам да им се заблагодарам на сите играчи и на сите помошници со кои работев досега. Тоа се одлични луѓе и спортисти. Јас повеќе нема да ја водам Хрватска на светските и европските првенства“ – нагласи Червар.