Олимпик Лион сака да ги промени условите на договорот за да го пресели напаѓачот на Мемфис Депај во Барселона во текот на зимскиот преоден рок.
Според одредени медиуми во Франција, францускиот клуб е подготвен бесплатно да го ослободи Холанѓанецот доколку Барселона го вклучи напаѓачот Антоан Гризман во зделката. Барселона е подготвена да се раздели со играчот, но не е познато какво е размислувањето на самио играч за потенцијалниот трансфер.
Гризман се пресели во Барселона минатото лето од Атлетико за 120 милиони евра. Оваа сезона, 29-годишниот играч учествуваше на 5 натпревари од шпанскиот шампионат, во кои не забележа некој посебен ефект.
Долго време во текот на летниот преоден рок Барселона беше заинтересирана за трансфер на Депај, но до овој трансфер не дојде. Бидејќи, следното лето истекува договорот на играчот со Олимпик Лион, сосемае јасно дека тие ќе сакаат да го продадат во јануари.