Раководството на Олимпик Лион ќе постави заштитни мрежи пред двата секторите на стадионот за натпреварите од Лигата на Шампионите, за да престанат навивачите со фрлање на тврди предмети на теренот.
Откако беа казнети на неколку пати во последните сезони, од Лион одлучија да преземат превентивни мерки за натпреварот со Хофенхајм. Од клубот објаснија дека ќе мора да експериментираат со оваа постапка, но мора да преземат мерки и да се избегнат „дополнителни казни” од УЕФА.
Претходно оваа година УЕФА му нареди на Олимпик Лион да го одигра првиот натпревар од Лигата на Шампионите на домашен терен на празен стадион. Причините се проблеми со навивачите и расизмот во натпреварите од Лигата на Европа.