Џејмс Милнер, Наби Кеита и Џердан Шакири не се во составот на Ливерпул за нивната средба со Вулверхемптон која е на програмата утре, ова го потврди менаџерот Јирген Клоп.
Тој, сепак, ќе го има на располагање Дејан Ловрен, кој беше во тренажен процес оваа недела.
„Милнер, Кеита и Шакири не се во првиот тим затоа што не тренираа оваа недела. Сепак, тие ќе се вратат наскоро. Дејан Ловрен тренираше со нас уште од почетокот на неделава. Ова беа неговите први чекори на теренот по некое време, и се чини дека се е нормално”. изјави менаџерот на Ливерпул.
Ливерпул на средбата со Вулверхемптон ќе се обиде да дојде до 22 победа во 23 натпревар оваа сезона во Премиер лигата.