Ливерпул го израмни рекордот по бројот на остварени победи

0

Со вчерашната победа од 2:0 над екипата на Челзи, Ливерпул успеа да го израмни рекордот по бројот на остварени победи во една сезона, 26. „Црвените“ во сезоната 2013/14 исто така успеаја да завршат со 26 победи, но овој пат, момците на Клоп имаат уште 4 меча за доигрување и голема шанса да постигнат нов рекорд.

Во историјата на англиската елита, Ливерпул само еднаш имал повеќе победи од оваа сезона. Тоа се случило во сезоната 1979/80 кога момците од мерсисајд завршија со 30 реализирани триумфи.

Share.

Leave A Reply