Ливерпул го сака Виничиус од Реал (М)

0

Ливерпул е заинтересиран да го донесе на „Енфилд“ младиот бразилски напаѓач од екипата на Реал Мадрид, Виничиус. Според информациите на шпанските медиуми, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не смета на него за следната сезона, што е одлична причина за Јирген Клоп да се обиде да го доведе во Англија.

Виничиус не би сакал цела сезона да биде резерва во Мадрид, па ќе инсистира на позајмица. Тој наскоро треба да има состанок со Зидан и претседателот на клубот Флорентино Перез за да разговара за неговата улога во тимот.

Ливерпул има намера да му понуди важна улога на Виничиус, но прашање е дали Реал е подготвен да се раздели со него, макар и на позајмица.

18-годишниот Бразилец играше на 17 натпревари оваа сезона и постигна 2 гола.

Share.

Leave A Reply