Ливерпул и Манчестер Сити покажуваат многу сериозен интерес за централниот дефанзивец на Бенфика Феро, тврди во денешниот број португалското издание на весникот „Рекорд“.
Се очекува двата тима да конкурираат за португалскиот младински репрезентативец по крајот на сезоната. Скаути на двата тима ги следеле настапите на младиот фудбалер оваа сезона. Тој беше земен во првиот состав на лисабонскиот тим во јануари и веќе има 4 натпревари и 2 погодоци за тимот од Лисабон.
Неговиот договор со „орлите” е до 2023 година, но раководството на клубот е подготвено наскоро да му понуди нов и подобрен договор.
Тепко дека Бенфика ќе сака да се раздели со него, но при добри понуди од овие два англиски гиганти тимот нема да има друг избор.