Ливерпул или Челзи ?

0

Доцна вечер на стадионот на Бешикташ во Истанбул ќе биде реализиран Супер купот на Европа меѓу освојувачот на Лигата на шампионите во претходната сезона , Ливерпул и победникот во Лигата на Европа, Челзи.

„Црвените“ предводени од тренерот Јирген Клоп, по шести пат ќе се борат за пехарот на УЕФА додека „сините“ од Лондон по четврти пат ќе играат во Супер Купот. Ливерпул последен пат играше во 2005 година кога го победи составот на ЦСКА Москва со 3:1 додека Челзи во 2013 година загуби од Баерн Минхен со 5-4 по изведувањето на пеналите откако мечот во регуларнито дел заврши 2:2

Денешниот натпревар во Истанбул на „Водафон Арена“,  ќе остане забележан во историјата бидејќи за прв пат финале на машки состави ќе го суди жена. Французинката, Стефани Фрапар, ќе ја има главната улога а ќе и помагаат:  Мануела Николоси (Франција) и Мишел Онил (Ирска). Четврти судија ќе биде Чунејт Чакир од Турција.

 

Share.

Leave A Reply