Ливерпул ја има честа да ја отвори новата сезона во Премиер лигата

0

Денеска и официјално е утврден календарот за натпреварите во новата сезона во англиската Премиер лига. Сезоната 2019/20 започнува на 9 август со натпреварот меѓу европскиот шампион Ливерпул и новајлиите во елитата, екипата на Норич.

Актуелниот шампион Манчестер Сити во премиерното коло од новата сезона стартува против екипата на Вест Хем на гости. Тотенхем ќе се сретне со Астон Вила, Арсенал, пак, за противник ќе го има Њукасл.

Последниот натпревар од првиот круг ќе се одигра на 11 август меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи што ќе биде огромно дерби уште на стартот на сезоната на „Олд Трафорд“.

Share.

Leave A Reply