Ливерпул ќе чека понуди за Клајн

0

Фудбалерот на Ливерпул, Натаниел Клајн, е на излезната врата од „Енфилд“. Младиот играч не влегува во плановите на тренерот, Јирген Клоп и најверојатно во јануари ќе мора да си побара нова средина.

27-годишниот дефанзивец во тековнава сезона нема одиграно како стартер ниту еден меч. Клајн по трансферот од Саутемптон во 2015 година, брзо се наметна во тимот на „црвените“ а исто така беше и прв избор во националниот тим на Англија. Неговата кариера тргна во надолна линија откако заработи потешка повреда во летото во 2017 година. Откако се опорави, Клајн не успеа да се врати во тимот а неговото место го доби Трент Александар Арнолд.

Десниот бек има договор до 2020 година, но, се очекува во почетокот на наредната година да си замине од Ливерпул.

Share.

Leave A Reply