Ливерпул е подготвен да го собори англискиот трансфер рекорд и со храбра понуда вредна 158 милиони фунти ќе се обиде летово да го купи младиот шпански репрезентативец Марко Асенсио.
Фудбалерот на Реал (М) стана мета на „црвените“ кои сметаат дека имаат шанси да го убедат и него и Реал (М) за да се согласат на трансферот, особено што се уште не е јасно дали и новиот тренер на „кралевите“ има намера да го користи младиот Шпанец следната сезона.
22-годишниот играч моментално е на Светското првенство со Шпанија, но тој е се повеќе фрустриран поради малата минутажа во дресот на Реал. Минатата сезона одигра само 19 меча во Ла Лига и само три средби во ЛШ.