Централниот дефанзивец на Ливерпул, Жоел Матип, ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, објавија денеска од англискиот клуб.
26-годишниот фудбалски дефанзивец кој на викенд-дуелот со Кристал Палас заработи повреда на колкот, дефинитвно ќе мора да оди на операција. Матип иако тогаш го доигра мечот, прегледите покажале дека проблемот може да се санира само со хируршка интервенција.
На истата средба се повреди и напаѓачот, Адам Лалана. За неговата состојба во текот на денов се очекува дополнителна информација од тренерот, Јирген Клоп.