Ливерпул против Кристал Палас без Салах и Робертсон

0

Напаѓачот Мохамед Салах и дефанзивецот Ендру Робертсон ќе го пропуштат натпреварот на Ливерпул против Кристал Палас во англиската Премиер лига кој се игра в сабота.

Двајцата играчи на „црвените“ имаат повреди на зглобот. Египетскиот репрезентативец Салах се повреди во натпреварите на Ливерпул против Лестер и Манчестер Сити и нема да му биде на располагање на менаџерот Јирген Клоп.

Шкотскиот дефанзивец Робертсон веќе со недели има проблеми со својата повреда и сега нема да игра на натпреварот га гостински терен кој се игра на „Селхурст парк“ во Лондон.

Ливерпул е прв на табелата во Премиер лигата со освоени 34 бода, осум повеќе од Лестер и Челзи.

Share.

Leave A Reply