Ливерпул прво сака нов договор со Ван Дајк, потоа ќе преговара со Салах

0

Британски „Еуроспорт“ објави дека управата на Ливерпул како приоритет го има потпишувањето на новиот договор со централниот бек Вирџил ван Дијк , а не нов договор со напаѓачот Мохамед Салах. Договорите на двајцата играчи истекуваат летото 2023 година, а Ливерпул смета дека останувањето на Холанѓанецот е главната мисија.

Клубот планира да објави нова зделка со Ван Дијк ова лето. Ливерпул има намера да му понуди подобрени услови во договорот на дефанзивецот, со којтој сигурно ќе заработува повеќе од Салах, кој сега е најплатен играч во клубот и заработува 200.000 фунти неделно.

Share.

Leave A Reply