Ливерпул смирува: Окото на Фирмино е во ред

0

Од Ливерпул излегоа со официјална информација дека Роберто Фирмино не е повреден сериозно за време на натпреварот со Тотенхем, кога Јан Вертонген од противничкиот тим му го повреди окото.

„Проблемот ќе биде лекуван од клупските лекари пред да стане јасно дали Роберто ќе биде подготвен за натпреварот со ПСЖ. Добро е што тој нема трајно оштетување и ќе биде во ред“, изјавија од клубот.

Share.

Leave A Reply