Ливерпул за Кутињо бара 150 милиони евра

0

Ливерпул одредил цена за продажба на Фелипе Кутињо. Весникот „Метро“ објави информација дека „црвените“ се согласни да го продадат својот фудбалер во Барселона, само доколку каталонците извадат 150 милиони евра.

Според изданието токму тоа е цената која “црвените” цело време ја барале од шпанскиот гигант за својот бразилски фудбалер. Барселона понуди 100 милиони, па затоа Ливерпул не е согласен да се откаже од Кутињо, пишува весникот.

Денес Ливерпул гостува на Ватфорд, но Кутињо нема да настапи, откако побарла официјално да биде продаден и конечно категорично одбил да игра на претстојниот дуел.

Share.

Leave A Reply