Нашиот боксер Јасин Љама го освои „Златниот гонг“ на 50-то издание на престижниот меѓународен турнир кој беше оддржан во малата сала во СЦ Борис Трајковски.
Toj во финалето во категоријата до 60 килограми со технички нокаут успеа го победи Романецот, Норберт Ваш што според проценките беше доволно да го добие- „Златниот гонг“ кој му се доделува на најдобриот боксер на турнирот. Нашиот , Алим Насуфи, во категоријата до 64 килограми загуби во финалето од Шпетин Бајоку (Косово) додека Арсин Етеми беше совладан од Албан Беќири од Албанија во категоријата до 75 килограми.
Најдобар македонски боксер е Алим Нсуфи .Најборбен боксер е Албан Бекири од Албанија. Најдобар техничар е Патриот Бехрами од Косово.Најдобар странски е боксер е Саша Миловац од Србија. Најдобар тренер е Милан Пипрески од Србија. Најдобар судија е Петре Неделковски од Македонија.