Љавтов: победивме за инает на тие што не критикуваа

0

Нашиот одбојкар, Александар Љавтов, по вчерашната победа против Белорусија на Европското првенство, вели дека Македонија сосема заслужено ги освои првите бодови во групата „Ц“ која се реализира во Љубљана.

„Испишавме нова страница во нашата одбојка со тоа што ја остваривме првата победа на големо натпреварување. Покажавме дека не ги заслужуваме критики по досегашната серија на порази. Еве покажавме дека можеме и сите сме пресреќни“ – вели Љавтов.

„Во претходните средби имавме многу осцилации во играта, но, денеска тоа го надминавме и покажавме дека вредиме. Ние сме дебитанти и мораме да се радуваме на секоја победа“ – нагласи нашиот одбојкар по вчерашната победа против Белорусија.

Share.

Leave A Reply