Љоренте: Сакав да играме против Јувентус

0

Напаѓачот на Тотенхем Фернандо Љоренте призна дека сакал неговиот тим да игра со Јувентус во 1/8-финалето од Лигата на Шампионите. Токму тоа се случи и сега Шпанецот ќе има шанса да се докаже против својот поранешен клуб.

„Многу сум возбуден откако го дознавме противникот. Играв за Јувентус две години и освоив пет трофеи. Сакав да се паднеме против нив. Имам прекрасни спомени од престојот во Торино. Ова е еден од најголемите клубови во светот. Ќе биде одличен дуел. Тие се прекрасен тим со големи фудбалери. Ние веруваме во нашите можности, бидејќи и ние сме силен тим. Ако сме фокусирани, концентрирани и агресивни, можеме да постигнеме големи резултати”, изјави Љоренте.

Share.

Leave A Reply