Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи откако на последниот тренинг се пожалил на болки во десната нога.
31-годишниот плеј-мејкер би можел да го пропушти плеј-офот од Евролигата доколку се остварат прогнозите дека ќе мора да паузира околу три недели.
Играчот на „кралевите“ кој има во просек по 10 кошеви во тековнава сезона, нема да му биде на располагање на тренерот, Пабло Ласо за мечот со Жалгирис, наведуваат медиумите во Шпанија.