Играчот од средниот ред на Кристал Палас, Рубен Лофтус-Чик изјави дека не е сигурен во врска со неговото враќање во Челзи откако ќе му истече позајмицата.
„Јас дури и не помислив што ќе се случи следната сезона. Прво треба да ги одиграм останатите натпревари. Сегаа сум фокусиран на Кристал Палас. Не сакам уште сега да зборувам за тоа, но се надевам дека ќе најдеме најдобро решение за мојата кариера. Не знам дали се уште сакам да се вратам во Челзи“, изјавил 22-годишниот фудбалер.
Тој оваа сезона одигра 20 меча за Кристал Палас во Премиер лигата и постигна еден гол.