Откако стана јасно дека Олимпијадата во Токио е одложена за една година поради пандемијата на коронавирус, сега се појавија информации за денот кога најверојатно ќе се случи официјалното отворање на Олимпијадата во 2021 година.
Според информациите, ИОК и Организацискиот комитет во Токио 2021 се согласиле Олимписките игри да започнат на 23 јули 2021 година и да се затворат на 8 август.