Лондончани бараат мало богатство за Азар

0

Челзи ќе го пушти Еден Азар да оди во Реал Мадрид само ако шпанците се согласат да платат 200 милиони фунти.

Тоа е цената што тимот од „Стемфорд Бриџ“ ја одреди за играчот на Белгија кој неодамна потенцираше, дека по 6 години, е подготвен да си замине од редовите на „сините“. Ако трансферот стане реалност, Азар ќе биде најскапиот фудбалер во светот.

Фудбалерот кој на штотуку завршниот Мундијал во Русија го освои бронзениот медал, има договор со Челзи за уште две сезони. Во меѓувреме, лондончани му понудија да потпише нова соработка со зголемена плата на 300.000 фунти неделно. Сепак, според медиумите, Азар тешко ќе го прифати предлогот и ќе инсистира да направи трансфер.

Share.

Leave A Reply