Лонг останува во клубот уште две сезони

0

Напаѓачот на фудбалскиот состав Саутемптон, Шејн Лонг, потпиша нов двегодишен договор што ќе го задржи на стадионот – „Сент Мери“  до летото во 2022 година.

Интернационалецот од Ирска  во досегашните шест сезони во дресот на англискиот состав  одигра 205 мечеви и постигна 35 голови.

„Шејн е неверојатен професионалец. Тој е значаен играч за мене и знам дека тој беше значен за менаџерите и пред мене“ – рече Ралф Хазенфутл, тренер на популарните -„светци“.  Лонг, пак, за веб-страницата на клубот изјави  дека е среќен бидејќи ќе остане во тимот.

Share.

Leave A Reply