Тренерот на Реал Мадрид Јулен Лопетеги е на мислење дека неговиот тим е преоптоварен како на физички, така и психички по вчерашниот успех со 1:0 над Еспањол.
Европскиот шампион оствари важна победа со која се искачи на врвот на табелата, привремено до вечерва кога Барселона игра против Џирона.
„Ова се комплицирани натпревари за нас без разлика кој е противникот. Треба да се напомене дека Еспањол беше добро организиран – со добар тренер и добри играчи. Ова е причината зошто не успеавме да постигнеме втор гол. Имаше психолошко оптоварување, а и физички се почуствува дека сме играле тежок натпревар пред неколку дена”, рече Лопатеги.
„Веројатно екипите што доаѓаат на „Бернабеу“ се повеќе затворени. Тие одлучуваат како да се постават на теренот. Еспањол беше затворен, но исто така нападна. Имавме проблем кога ја губевме топката на средината на теренот. Сепак, освоивме три многу важни поени”, додаде тренерот на Реал Мадрид.