Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулиен Лопетеги, во пресрет на вечерашниот Супер Куп меч со Атлетико (М) во Талин, вели дека неговиот тим е должен да продолжи да победува, а не да ги гледа минатите успеси.
Лопетеги ја презеде функцијата во јуни откако Зинедин Зидан го напушти клубот откако трипати едноподруго ја освојуваше Лигата на шампионите.
„Зидан заврши одлична работа тука и постигна прекрасни резултати. Но ние не можеме да гледаме кон минатото и должни сме да носиме уште трофеи во клубот”, рече Лопетеги.
„Имавме добра предсезона и денеска ќе играме за Суперкупот на УЕФА. Сакаме да ја започнеме сезоната со овој трофеј“, додаде 51-годишниот тренер.