Лоренцо: ќе биде подобро

0

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, иако стартуваше лошо со новиот италијански моторцикл во почетокот на новата сезона од Гран При шампионатот, вели дека набрзо ќе се врати на победничките патеки.

„Конечно стигнавме во „ Остин“. Немам трпение да се вклучам на патеката по несреќата во Аргентина. Не сакам да се сеќавам на тоа што се случи таму.Мислам дека сме на вистинскиот пат”, изјави Лоренцо.

„Во мојот тим работиме многу сплотено и сигурен сум дека наскоро резултатите ќе се променат”, обајсни како размислува Лоренцо, кој во претходната сезона на патека „Остин“ ја заврши на второто место зад Марк Маркез.

Share.

Leave A Reply