Возачот на Дукати во Мото Гран шампионатот, Хорхе Лоренцо, кој заработи повреда на неделната трка во Арагон во Шпанија, најверојатно ќе го пропушти наредниот круг кој ќе се реализира на Тајланд.
Тој според првичните проценки има повреда на палецот на десната нога а дополнителните прегледи в четврток ќе потврдат дали ќе може да вози и на трката на Тајланд. Лоренцо сепак ќе мора да се појави Азија за да учествува во рекламна кампања.
Од специјализираното издание – „ Autosport“ дополнуваат дека Хорхе чувствува болка и дека не сака да се подложи на ризик да доживее уште една несреќа. Во меѓувреме возачот на Дукати го обвини Марк Маркез, дека е виновен за инцидентот на патеката во Шпанија.