Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо е победник на ГП на Каталонија во МотоГП класата. Шпанецот кој стартуваше од пол-позицијата на почетокот падна на третото место, но многу брзо го врати водството, а потоа не остави шанса за конкурентите да му го преземат врвот.
Марк Маркез и Валентино Роси се обидуваа да го престигнат во неколку наврати, но Лоренцо успешно ги одби нападите. Маркез на крајот заврши како втор, додека Роси финишираше на 3. Место.
Во генералниот пласман по оваа трка Маркез води со 115 бода, пред Роси со 88.