Лоша вест за Арсенал, Холдинг го чека долга пауза

0

Лошите прогнози за дефанџивецот на Арсенал Роб Холдинг се потврдени и тој ќе биде надвор од теренот неколку месеци.

Одбрандбениот играч е сериозно повреден на левото колено во натпреварот против Манчестер Јунајтед и ќе биде опериран наредните денови.

Предвидувањата се дека ќе се опорави за период помеѓу 6 и 9 месеци, така што нема да го пропушти само останатиот дел од тековната сезона, можеби нема да биде подготвен за почеток на следната.

„Огромна благодарност до сите фанови, играчи и тренери за поддршката што ја добив во текот на изминатите два дена. Јас сум исклучително разочаран што оваа повреда доаѓа во толку добро време за тимот“, објави Холдинг на „Твитер“.

Дефанзивецот беше во можност да го замени Сакратис по повредата на грчкиот фудбалер и во последните два месеци беше во тимот. Се очекува дека Стефан Лихтштајнер ќе започне на негово место против Хадерсфилд во сабота, а Лорен Кошчелни ќе биде подготвен наскоро, така што тоа ќе биде уште една опција во одбраната на Арсенал.

Share.

Leave A Reply