Лозано слета во Италија, денес прегледи па потпис со Наполи

0

Напаѓачот Ирвинг Лозано е веќе Италија. Мексиканецот синоќа слета во Рим и ќе треба денес да ги помине лекарските прегледи пред да потпише договор со неговиот нов клуб Наполи.

Од Наполи конечно се договорија со ПСВ Ајндховен за трансферот на Лозано. Наполи ќе платат 38 милиони евра плус бонуси за правата на 24-годишниот напаѓач. Лозано има 40 гола на 79 натпревари за екипата на ПСВ и ја освои титулата во Холандија во сезоната 2017-18. Тој исто така има 9 голови за репрезентацијата на Мексико.

Главната позиција што ја игра Лозано е на левото крило, но тој може да дејствува успешно и од десната страна како и во центарот на нападот.

Share.

Leave A Reply