ЛШ: Вардар по еден месец повторно на паркет, гостин Флензбург

0

По едномесечна принудна пауза ракометарите на Вардар денес на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ од 20.45 часот против германски Флензбург ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите.

Вардар во досегашниот дел од сезоната одигра само еден меч на гости во Белорусија, на кој Мешков Брест обезбеди победа. За разлика од нашиот првак, Германците имаа три средби и исто толку победи во групата, па практично непоразени дојдоа во Скопје.

Вардар против Флензбург досега има одиграно четири натпревари во ЛШ, и сите беа од четвртфиналната фаза. Традицијата е на страната на црвено-црните кои доживеа само еден пораз во меѓусебните пресметки.

Share.

Leave A Reply