Тајрон Лу ќе му биде помошник на тренерот Док Риверс во екипата на Лос Анџелес Клиперс откако двете страни конечно се договорија.
Поранешниот кошаркарски шампион на НБА со екипата на Кливленд Кавалирс беше блиску до преселба кај Лејкерси, но, на крајот успеа да издејствува соработка со управата на градскиот ривал.
ЛА Клиперс во текот на летово успеа да ги ангажира Каваи Ленард и Пол Џорџ, со што покажа дека има големи амбиции во наредната сезона.