Луис Енрике ќе го наследи Конте во Челзи

0

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, е голем фаворит за наследник на Антонио Конте на чело на Челзи во текот на летото.

Најверојатно Италијанецот ќе си замине од лондонскиот клуб, а шпанскиот стручњак, кој одамна е без работа, ќе го наследи. Ако тоа навистина се случи, тогаш поранешниот дефанзивец на Челзи и Барселона, Жулиано Белети исто така ќе пристигне на “Стемфорд Бриџ” како прв соработник на Енрике.

Белети играше во Челзи три години меѓу 2007 и 2010 година.

Share.

Leave A Reply