Луис Хамилтон позитивен на коронавирус, ја пропушта трката за ГН на Сакхир

0

Актуелниот шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон доби позитивен наод на коронавирусот, откако по трката за ГН на Бахреин добил благи симптоми. Британецот бил веднаш тестиран и ќе мора да мине период на самоизолација.

Хамилтон веќе ја обезбеди титулата во Турција, но беше убедлив и во Бахреин, а со сигурност посакуваше уште две победи на последните трки од сезоната во Формула 1. Сепак, сигурно е дека нема да може да вози овој викенд на истата патека во трката за Големата Награда на Сакхир.

Засега не е познато кој ќе го заземе неговото место во болидот на Мерцедес овој викенд, но доколку Хамилтон не добие негативен тест во наредните две недели, тоа би значело пропуштање и на последната трка во Абу Даби, односно крај на сезоната за него.

Share.

Leave A Reply