И Луис Хамилтон се подготвува за пензионирање?

0

Трикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, може да се повлече од Ф1 порано отколку што се претпоставуваше. Ова го изјави поранешниот пилот Дејвид Култхард.

По завршувањето на минатата сезона 31-годишниот Нико Розберг само што ја освои титулата реши да се пензионира и го шокираше светот. Така Мерцедес морае веднаш да најде негова достојна замена во Валтер Ботас.

Во предсезонските подготовки Луис Хамилтон на неколку пати увери дека ќе влезе во шампионатот повеќе мотивиран од кога и да е досега, но Култхард, кој возеше за Мекларен во периодот 1996-2004 година, сепак гледа знаци дека 32-годишниот сонародник исто така, планира наскоро да заврши со трките.

„Во неколку трки од минатата сезона тој не ми изгледаше фокусиран. Постојат моменти кога се гледа јасно како некој е заситен од ова“, вели Култхард.

Share.

Leave A Reply