Луис: Нема да го гледам мечот на Мејведер и Мекгрегор

0

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, Ленокс Луис, најави дека нема намера да го гледа дуелот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор. За него тој меч не е интересен.

„Не можам да го прифатам тоа за нешто сериозно. Мејведер е најдобар во светот. Никој во боксот не може да се мери со него. И во двата вида на спорт се користат рацете иако тие се толку различни“ вели Луис.

„Флојд ќе го нокаутира.Тој е премногу добар боксер за Мекгрегор а Конор нема искуство во боксот. Мекгрегор не може да се победи на друг начин. Немам намера да го гледам мечот“ потенцираше Луис.

Share.

Leave A Reply