Македонскиот скијач Лука Божиновски ќе ја преставува нашата земја на денешната велеслаломска трка од Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Оре.
Нашиот национален тим го избра да настапи по правилото на ФИС на Светските првенства најмалку по еден скијач да учествува во финалата трка, без разлика на резултатите од квалификациите.
Лука Божиновски во квалификациите беше на 44-то место со заостанување од 7.76 секунди зад најуспешниот во квалификациите. Од останатите наши скијачи, Дардан Дехари го освои 66-то место, а Виктор Петров беше 85-ти. Антонио Ристевски не успеа да ја заврши првата трка и остана без пласман.
Божиновски денес на велеслаломот го има стартниот број 83, а првата трка својот старт ќе го има во 14.15 часот, додека втората ќе започне во 17.45 часот. На стартот на овој велеслалом треба да се појават вкупно 98 натпреварувачи.