Лука Дончиќ го најави враќањето на теренот

0

Лука Дончиќ ги пропушти последните седум натпревари за неговата екипа Далас поради повреда на десниот зглоб, но сега тој потврди дека ќе се врати на теренот и дека ќе може да игра.

Тоа ќе се случи на домашниот натпревар кој Далас ќе го игра против Сакраменто во среда навечер. 20-годишниот кошаркар го обнови тренингот со своите соиграчи и ќе му биде на располагање на Рик Карлајл.

„Подготвен сум. Јас сум само возбуден што повторно ќе бидам на теренот и ќе играм кошарка“, им рече Дончиќ на новинарите. Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид е клучна фигура во составот на Далас Маверикс втора сезона по ред, импресионира со 28,8 поени, 9,5 скока и 8,7 асистенции на 43 одиграни натпревари.

На седумте натпревари што ги пропушти  Лука Дончиќ, Далас забележа три победи и четири порази. Во моментов Далас има 32 победи и 22 порази и се наоѓа на седмото место во Западната конференција.

Share.

Leave A Reply