Лука Дончиќ постави рекорд во НБА лигата

0

Лука Дончиќ (21) постави нов рекорд во НБА. Словенечкиот крилен кошаркар го забележа својот 23-ти трипл-дабл во кариерата во НБА лигата (28 поени, 13 скока, 10 асистенции) во драматичниот натпревар кој го загуби неговиот тим со 149: 153 по продолжение од Хјустон Рокетс.

Само еден кошаркар во историјата на лигата има повеќе трипл-дабл во првите две сезони – легендата Оскар Робертсон (67). Но, тоа не е сè. Дончиќ стана играч со најмногу трипл-дабл во една сезона пред да наполни 22 години.

Синоќа поранешната sвезда на Реал Мадрид, а сега прва ѕвезда на Далас го запиша својот 15 трипл-дабл во сезоната.

Share.

Leave A Reply