Лука Модриќ има повреда на мускулот

0

Реал Мадрид објави дека играчот од средниот ред Лука Модриќ се здобил со повреда на мускулот на десната нога. Сепак, клубот не прецизираше колку долго играчот ќе мора да се опоравува од повредата.

Лука Модриќ одигра 90 минути во двата квалификациски натпревари во квалификациите за ЕП против Азербејџан и Словачка, но се врати во Мадрид со потрес на мозокот. Од почетокот на сезоната, многу фудбалери на Реал Мадрид претрпеа различни повреди, при што скоро сите беа со сличен карактер, односно проблеми со мускулот.

Добра вест за Зинедин Зидан е дека Еден Азар и Хамес Родригез се здрави и продолжија со тренинзите за време на паузата за настап на националниот тим.

Share.

Leave A Reply