Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ изјави дека не планира да се врати во Тотенхем по заминувањето од Реал Мадрид.
„Премногу сум стар за да се вратам во Тотенхем. Во Реал ќе бидам уште оваа година, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Се чувствувам добро и сакам да продолжам да играм фудбал уште неколку години. Каде? Ќе видиме. Да бидам искрен, јас навистина не размислував за тоа. Фокусиран сум на Реал Мадрид и на она што можеме да го постигнеме оваа сезона. Ова е мојата единствена цел. Тогаш ќе најдеме соодветно решение за секого“, изјави Лука Модриќ за „Мундо Депортиво“.
Модриќ се приклучи на Реал Мадрид од Тотенхем во 2012 година. Како дел од мадридскиот клуб Модриќ е победник во Лигата на шампионите (сезони 2013/2014, 2015/2016, 2016/2017, 2017/2018), шампион на Шпанија (сезони 2016/2017, 2019/2020), освојувач на Купот (сезона 2013/2014) и Суперкуп (2012, 2017, 2020) на Шпанија.