Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, целосно ќе го изврши својот договор со кралскиот клуб, што е до летото 2021 година, пишува весникот „АС“.
Хрватот се очекува да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ за 15 месеци како слободен играч. Модриќ сега има 34 години, а оваа сезона неговиот настап е со големи осцилации и често беше на клупата за резервни играчи според изборот на тренерот Зинедин Зидан.
Според ова Модриќ ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ за да го одработи договорот, а колку ќе добива минутажа останува да видиме, многу работи ќе зависат од целата ситуација во клубот и евенталните нови засилувања.